|
Заедно за и со проблемите |
|
|
|
среда, 18 мај 2005 |
|
ЗАЕДНО ЗА И СО ПРОБЛЕМИТЕ - Лилјана Мазова
Нова Македонија, 18 мај 2005
..."Фогорафии" по драмскиот текст на авторката Селвиназе Абази во режија на Владимир Милчин. Она што одделно треба да се радуваме е фактот дека конечно имаме и претстава која за решавање на проблемите меѓу децата и родителите одбира пат низ кој одноците, постапките и состојбите заедно ги споделуваат децата и родителите. Претставата се игра на македонски јазик, а се следи и превод на текстот на албански јазик. Драмата на Селвиназе Абази (создадена во рамките на Работилницата за драмски автори при ДТЦ) со наслов "Фотографии" директно и едноставно го поставува односот дете - родителили обратно.
Низ состојбите во нивниот однос, кој на почетокот е лажен... сите бури кои го следат измаменото дете и фактот дека се може да се реши низ вистина и дијалогот за неа, се следи урбаната драма за она што му се случува на семејството денес. Таквата вистинита и едноставно раскажана драмска приказна, низ дијалог кој не мистифицира, туку ја следи реалноста, режијата на Владимир Милчин за главна компонента ја има вистината.
Иако приказната е тажна, но со среќен крај, претставата за свои херои ги има и децата и родителите. На високото ниво на комуникација меѓу оние што ја играат приказната и оние што ја гледаат. Покрај реалните слики и сликите од главата на детето Шпенд, фотографиите од животот, сега и од минатото. Се она што денес се меша во главата на едно дете... И уште еднаш, голема вредност на претставта Фотографии е фактот што нејзините творци трагале и ја оствариле целта: да говорат за единствено заедничкиот однос во решавањето на проблемите на реалација дете - родител.
|