ctc.org.mk
 
Главно мени
Насловна
Проекти
Репертоар
Рецензии
За нас
Контакт
Фотогалерија

 
Во дружба на бајките Испечати Е-пошта
сабота, 13 ноември 2004
ВО ДРУЖБА НА БАЈКИТЕ - Б.Г.
Вечер, 13 ноември 2004

Приказната за девојчето кое доцни на училиште, а притоа заедно со својот татко је внесува публиката во бајка и сон што се својствени само на детската фантазија, беше причина Старата скопска чаршија, поточно премиерната изведба во Детскиот театарски центар, лоциран во поранешното кино Напредок, завчера на пладне да биде центар на детската смеа, забава, џагор. Во претставата "Кукавица" малата Ена својот недостаток од задоцнететите 25 минути во која сите нејзини соученици се вплотуваат во играта со маргаритката, огромната пеперутка, големата бубачка, нилскиот коњ... и се почнува како во бајка.

Наставничката заминува со својот капетан од бајките, директорот ја започнува својата љубовна игра, чисто и искрено, со чистачката во училиштето која, пак, ја разбира до крај детската мечта и се е заокружено со безгрижната убава, весела, детска песна. Заедно со веселите дечиња кои беа на сцената се забавуваа и децата во салонот на ДТЦ (без разлика дали беа тоа Македончиња, Албанчиња или Ромчиња)...
 
< Претходно   Следно >

 

 

MK | AL | TR | EN

Advertisement
Advertisement
Advertisement


 
петок, 05 септември 2008 * (c) 2006 by CTC.org.mk * Powered by Joomla! * Technical implementation by Metamorphosis
ctc