ctc.org.mk
 
Главно мени
Насловна
Проекти
Репертоар
Рецензии
За нас
Контакт
Фотогалерија

 
Во царството на другарството Испечати Е-пошта
вторник, 23 ноември 2004
ВО ЦАРСТВОТО НА ДРУГАРСТВОТО - Ана Стојановска
Дневник, 23 ноември 2004, стр. 17

Во одлично создаден простор, наменет за откривањето на магичноста на театарот (посебно од децата), во срцето на Старата чаршија во Скопје, потрочно на сцената на Детскиот театарски центар извонредна детска група, потпомогната од возрасната актерска екипа, создаде претстава која што вреди и треба да се гледа. Децата по претставата, посебно младата дама Магдалена Ендровска, која мошне сигурно и уверливо го играше ликот на Ена, беа повеќе од обични актери. Магдалена Ендровска можеше да им покаже и на своите повозрасни колеги како се игра, и тоа како се игра од се срце.

Навистина одлична изведба! Приказната во претставата се движи кон откривањето на начинот на кој се создаваат приказните. Текстот на Елин Рахнев е помалку невообичаен за детски театар, како да не е направена разлика меѓу светот на возрасните и светот на децата. Затоа, пак децата со својот неограничен талент успеваат текстот да си го пренаменат и тоа да биде не само нивна претстава, туку што е уште поважна нивната голема игра. Во комбинација со детската желба, да се игра и тоа од срце, тргува и режисерот Георги Михаилков. Музиката наместо да биде жисто детска, како што е во некот делови на претставата, е мешавина на неколку актуелно поп-нумери.

Меѓутоа сите тие (да ги наречам ндоразбирања) ги победуваат децата и играат токму онака како што и го конструираљат својот детски свет. Затоа што ова е "царството на другарството" , царство сместено во една училница (многу симпатична сценографија на Крсте Џидров), во која учат децата заедно со наставничката Стела (ми се јадат слатки од Стела) (Камка Тоциновски). Најважно од се е тоа дека во училницата е посебно присутна "тетката", неостварена балерина (Снежана Стамеска), која секогаш е со децата, ја чисти училницата и го потврдува магичниот свет од приказните на Ена. Во претставата играат и Владимир Ендровски како Таткото на Ена, Емил Рубен како Директорот на училиштето, Петрит Незири како Капетанот што ќе се вљуби во наставничката Стела и Зарије Јонузи како другата наставничка.

Костимите на Марија Пупучевска се симпатична креација втемелена на игривиот детски свет меѓу училишната униформа и веселите бои.... Навистина одмна не пленила ваква детска игра. Децата што знаат дека играат и зашто играат претстава. Деца што притоа и се забавуваат и ги забавуваат другите. Деца што се едноставно прекрасо рталентирани и кои од оваа претстава прават настан што се памети. Браво за децата од Детскито театарски центар.
 
< Претходно   Следно >

 

 

MK | AL | TR | EN

Advertisement
Advertisement
Advertisement


 
петок, 05 септември 2008 * (c) 2006 by CTC.org.mk * Powered by Joomla! * Technical implementation by Metamorphosis
ctc