|
среда, 17 ноември 2004 |
ЗА ДЕЦАТА И ЗА ВОЗРАСНИТЕ - Лилјана Мазова
Нова Македонија, 17 ноември 2004, стр. 14
...Дејството на претставата ("Кукавицата") се случува околу проблемите, фантазијата, снаодливоста, допадливоста на девојчето Ена кое секој ден доцни на училиште. Но, не и по своја вина: иако нејзиниот татко редовно ги навива будилниците, таа доцни. Заедно со татко и, секојдневно измислуваат нови приказни кои таа понатаму ги раскажува во училиште - како оправдување за тоа што не дошла навреме.
Во таквата атмосфера актерите и децата меѓу себе функционираат на ниво на кое се брише границата меѓу нив. Режијата на Георги Михалков го следи текстот на Емил Рахнев, во кој драмската приказна има многу вистина и логичен тек. Михалков се концентрира на работата/поставувањето на дејството во кое речиси на исто рамниште функционираат и децата и актерите. Практично, заедничката работа ги вовлекува сите учесници во претставата како во игра "без граници#. Секој секому се доближува, секој со секого соработува. Ако од една страна се професионалните актери - Владимир Ендровски, Снежана Стамеска, Камка Тоциноски, Емил Рубен и Петрит Незири, кои одлично ја поддржуваат играта на децата, меѓу нив е малата Магдалена Ендровска која со својот талент и одговорност пред големата актерска задача, на целата претставата и дава тон: таа да говори за вистинските состојби во животот на возрасните и на децата. Тој спој на разбирање и на соработка, на љубов и на желба, е вткаен на начин кој облагородува и радува...
|