НА УРНАТИНИТЕ И ИСКУСТВАТА ОД СВЕТОТ НА ДЕЦАТА -Лилјана Мазова
Македонија Денес, 22 октомври 2003
...Интересно е како оваа претстава ("Шареноокиот") е поставена, како е поставен светот на децата кои живеат со лузните по војната, какви се пото нивнитесудири со себе и со возрасните. Драмата се случува по војната во Косово. Жртвите на страстите и на последиците од војната се сите, а најмногу децата. Во драмата ликовите се веќе попораснатите деца - на 13/14 годишна возраст кои од ужасите на времето и настаните во него, сега живеат меѓу урнатините и во урнатите морални светови... Оваа драмска приказна за црнилата на осакатение и физички деца и возрасни, како претстава е црна приказна која ги става во позиција на силна возбуда и размисла и децата и возрасните. Паралелно од сцената се следат двете нивоа на драмата/претставата. Сцените на кошмарите, на ужасите, но и на радоста на крајот - дека, сепак, искуствата се можност да се надминат некои ситуации, режисерот Елинов ги подига и на трето ниво: дванаесет други деца низ движења, костими и светло, го дополнуваат светот на кошмарите, но и го отвораат (на крајот) заслужениот свет во кој треба да расте детето.
Значи претставата "не држи лекции." Напротив, говори за проблемите и резултатите од лошите искуства, за она што никој не сака да се повтори. Покрај цврстиот концепт на режисерот од сцената да се говори со поинаков јазик во кој со отворени очи ќе се осознае искуството, покрај силно асоцијативно реализираната сценографија која од сцена во сцена со истите елементи ги прикажува разурнатите материјални и морални светови во кои подеднакво жртви се и децата и возразните, во што голема поддршка сите имаат и од дизајнерот на светлото, се друго е во рацете на шестемината актери кои ги играат шесте лика од драмата...
...Претставата "Шареноокиот" предизвикува и размисла од типот дека таа, вака создадена мора да им биде достапна и на децата кои не говорат албански јазик. Силината на нејзиното ангажирано искуство треба да им биде понудена и на децата Македонци, Турци, Роми... Искуствата треба да го видата, разберат и поделат меѓу себе децата од оваа земја.
|