|
Чудовишната маска на возрасните |
|
|
|
среда, 30 октомври 2002 |
ЧУДОВИШНАТА МАСКА НА ВОЗРАСНИТЕ - Лилјана Мазова
Нова Македонија, 30. 10. 2002, стр. 10
...Елин е претстава што на сосема нов начин комуницира со денешното
дете. Создадена и изградена врз свеста/ менталната состојба на детето
денес во контекстот на семејството во кое родителите немаат време за
него. Главен јунак е Дара (9/10 години) која е растргната меѓу секогаш
нервозните и раздвоени родители и својот детски свет во кој погледот
кон небото носи љубов, а во сонот е замокот Ирелох со својот замислен
другар Елин. Тој за неа е секогаш тука: кога е сама - ете го него, кога
е тажна - ја разбира, кога е сама - има врема да разговара и да си
игра/забавува, заедно да ги надминуваат/објаснуваат недоразбирањата на
децата во светот на родителите. Дара изработува и џуџиња од глина со
кои разговара, се дружи, им се восхитува...
Во постапката на играта режисерката Таканен од актерите бара и
постигнува високо ниво. Во смисла се да е поставено на самиот почеток
на свое место,а а актерот да е на високото ниво на детето, до крај да
владее сос ебе и со психата на својот гледач. Да се сочува создадената
леснотија на играта, во гестот, во погледот, без разлика дали е тој под
чудовишната маска или во бистрината на окото кое бележи се. Без намера
да го менуваат светот, напротив само да говорат за состојбата во него.
Режисерката Ана Таканен тој свет на недоверба и недоразбирање, во кој
жртвата е денешното дете, го прави по мерка и во светот денес.
Динамично, вистинито, сегашно, овдешно или било каде денес. Дара точно
го гледа светот на возрасните нис нивните ликови на кои ретко има
насмевка, а често израз на чудовишта.
|