ctc.org.mk
 
Главно мени
Насловна
Проекти
Репертоар
Рецензии
За нас
Контакт
Фотогалерија

 
Сите за култура - култура за сите Испечати Е-пошта
Индекс на прилозите
Сите за култура - култура за сите
Култура за сите
Театар за тебе
Мостови
Културата и заедницата

ТЕАТАР ЗА ТЕБЕ

Целта на проектот е да се вклучат колку што е можно повеќе маргинализирани деца (деца со хендикеп, сираци, деликвени, деца од улица итн.) во колку што е можно повеќе културни и уметнички активности.

Создавањето можности оваа група на деца да учествува активно во некоја уметничка активност има двојна важност:

  • Овозможува овие деца да го практикуваат нивното право за културно и уметничко изразување и
  • Ја гради нивната самодоверба и позитивен поглед на животот и создава подобри услови за нивно интегрирање во општеството.
Проектот се состои од почетна дво-неделна интензивна програма за обука на членови од персоналот на ДТЦ или олеснувачот на ДТЦ со цел да го комплетираат своето искуство со специфично знаење за тоа како да се справат со оваа специфична група на деца. Обуките ги водат педагози од Цирцус Цирцор - Шведска и Њолф анд Њатерс Артс Цомпанѕ од Велика Британија.
Обучениот персонал во групи по двајца ќе работат во институциите што згрижуваат вакви деца, заедно со еден од персоналот на односната институција. Овие институции се: Домот за деца без родители "11 Октомври" - Скопје, Домот за деца деликвенти "Никола Вапцаров" - Скопје, Училиштето за глуви и слепи "Никола Карев" - Скопје.

Секоја година во рамките на секоја институција активно ќе бидат вклучени 30 - 40 деца на возраст од 7 - 17 години. Работата со секоја група ќе трае 6 месеци и се состои од техники од изведувачките уметности и циркуски техники кои ја поттикнуваат концентрацијата, сорботката, активното слушање, отворената комуникација, превенција од конфликти и вештините за разрешување конфликти (посредништво) итн. Во текот на истиот период, исто така, ќе се врши обука на локалниот персонал со цел да се оспособат самите или, со периодична помош на ДТЦ, да ја продолжат работата. По секој циклус следи презентација на дотогашната работа.



 

 

 

MK | AL | TR | EN

Advertisement
Advertisement
Advertisement


 
Tuesday, 07 February 2012 * (c) 2006 by CTC.org.mk * Powered by Joomla! * Technical implementation by Metamorphosis
ctc