|
Страница 5 од 5
КУЛТУРАТА И ЗАЕДНИЦАТА
Целта на овој проект е да се воспостават канали на комуникација и соработка меѓу локалната власт и локалните независни организации од културата и на тој начин да се придонесе кон децентрализацијата на креирањето на политиката за култура.
Овој проект ќе ја истакне меѓузависноста на гореспоменатите субјекти и начинот на кој тие може да ги дополнуваат меѓусебно своите активности, ресурси и искуства.
Ова ќе и помогне на локалната администрација во креирањето на локалната политика за култура употребувајќи долгогодишни искуства на независните организации и, за возврат, културните организации ќе можат да имплементираат проекти во согласност со оваа локална политика за културата користејќи ги ресурите на локалната администрација.
Тоа ќе се направи преку следниве активности:
- Култура и заедница - Семинари - Два големи семинари вклучувајќи го Град Скопје, општините Центар и Чаир, Скопје, независни оргнизации од културата, Циркус Циркор и општината Боткѕрка од Стокхолм, Шведка.
- Месец на Чаршијата - серија на културни настани собирајќи голем број на соработници и партнери од Министреството за култура на Р. Македонија, Град Скопје, општините Центар и Чаир, Факултетот за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности, Албански театар, Турски театар, театрите низ Македонија, независни културни организации и др.
КУЛТУРА И ЗАЕДНИЦА - СЕМИНАРИ се состои од два големи семинари. Првиот семинар се одржа во октомври 2005 и траеше три дена. Семинарот имаше информативен карактер со дискусии за соработката меѓу институциите од културата и општините, со посебен акцент на соработките во општината Боткѕрка во Стокхолм, Шведка; потоа се разговараше за потребите, потенцијалите, капацитетите и можните модели за соработка меѓу општините, независните организации од културата и различните општинските субјекти во македонскиот контекст; како и создавање работна група од различни организации којашто ќе работи на подготовките на конкретни предлог проекти што ќе може да се развиваат и реализираат во соработка со локалната власт. Вториот семинар ќе се одржи во пролет 2006 каде ќе се дискутира за предлог проектите од работната група, како и интензивна обука за проект менаџмент или ЛФА курс во кои ќе учествуваат општинските службеници и независните организации од културата.
МЕСЕЦ НА ЧАРШИЈАТА - ДТЦ е консултативен член на владината меѓусекторска работна група за ревитализација на Старата Чаршија во делот за култура. ДТЦ во улога на консултант за културниот аспект, предложи пилот проект што ќе ги соедини сите релевантни актери од културата да участвуваат во едномесечни културни активности во Старата чаршија под име Месец на чаршијата. Активностите опфаќаат театар, музика, филмски проекции под отворено небо, сликарска колонија, специјални уметнички инсталации, саем на книга под отворено небо итн.
Првиот Месец на чаршијата се одржа од 14 до 22 септември 2005. Во овој период се одржаа голем број на театарски претстави, концерти, изложби, проекции на документарни филмови и други активности.
Овој проект е многу релевантен за ДТЦ во рамките на програмата Сите за култура - култура за сите од две причини:
ги здружува сите сили од културата на град Скопје и локалната заедница на Чаршијата во промовирањето на културната вредност на Старата чаршија како една од најважните и униктни културни наследства што е поддеднакво важна за сите етникуми што живеат во Скопје, но исто така, и во цела Македонија;
таа ќе биде реализирана во непосредна соработка со локалната власт. На овој начин таа ќе стане уникатна соработка од овој вид меѓу локалната власт и независна органиузација како што е ДТЦ. Оваа соработка, исто така, ќе биде модел за идна соработка од овој вид на други независни организации од културата.
|