ctc.org.mk
 
Главно мени
Насловна
Проекти
Репертоар
Рецензии
За нас
Контакт
Фотогалерија

 
Сите за култура - култура за сите Испечати Е-пошта
Индекс на прилозите
Сите за култура - култура за сите
Култура за сите
Театар за тебе
Мостови
Културата и заедницата

МОСТОВИ

Целта на овој проект е да се намалат ефектите од можната културна изолација врз етничка основа којашто може да ја предизвика новата административна поделба на Македонија.

ДТЦ ќе придонесе да се одржува во живот овиј процес преку:

  • одржување на мултијазични и интеркултурни театарски претстави во етнички компактни области преку Преку линијата;
  • поттикнување на локални индивидуални уметници, организации од културата и театарски групи да продуцираат мултијазични и интеркултурни театарски претстави во провинциските и рурални области преку Отворена сцена која подоцна може да стане дел од активноста Преку линијата.


ПРЕКУ ЛИНИЈАТА одржува повеќејазични и интеркултурни претстави во колку што е можно повеќе области кои се сметаат за ризични зони и во западна и во источна Македонија. Во почетокот, овие претстави ќе бидат сопствена продукција на ДТЦ кои веќе се продуцирани или ќе бидат продуцирани во следната година, а подоцна ќе се дополнат со претставите што ќе произлезат од Отворена сцена. Овие претстави ќе се испраќаат на турнеја во најмалку 15 различни места низ цела Македонија и ќе се допре до публика од 1500 - 2000 деца и млади.

ОТВОРЕНА СЦЕНА - Од голема важност за долгорочноста на одржливоста на овој процес во иднина е оспособувањето на локалните уметници и организации од културата да продуцираат на независен начин интеркултурна работа за деца и млади. Овој процес е поддржуван и стимулиран од ДТЦ со експертиза, техничка поддршка и човечки ресурси, но во него исто така, ќе бидат инволвирани и локалните власти во почетокот со политичка поддршка, а подоцна со конкретна финансика, логистичка и друг вид на поддршка.
Секоја година проектот ќе поддржи 2-3 претстави од овој вид. Овие претстави, исто така, учетвуваат на турнејата на Преку линијата. Групите и уметниците се избираат од поголемите провинциски градови со поголем потенцијал за одржување во иднина. Инволвирањето на некои капацитети од локалните власти е предуслов за ваквата поддршка.

Сите претстави од Отворена сцена, исто така, ќе имаат шанса да се играат на сцената на ДТЦ во Скопје, каде што ќе бидат видени од националните печатени и електронски медиуми.

Двата проекти, Преку линијата и Отворена сцена ќе се одвиваат во текот на школската година и театарската сезона.


 

 

 

MK | AL | TR | EN



 
вторник, 06 јануари 2009 * (c) 2006 by CTC.org.mk * Powered by Joomla! * Technical implementation by Metamorphosis
ctc