|
Сите за култура - култура за сите |
|
|
|
Страница 2 од 5
КУЛТУРА ЗА СИТЕ
ОБУКА НА ОБУЧУВАЧИ
Целта на оваа програма е да се изградат капациети во руралните и провинциски области (изолирани области) за работа со деца и млади за превенција на конфликти, меѓукултурна комуникација и зголемување на креативноста со помош на изведувачките уметности.
Оваа активност опфаќа серија семинари и работилници во Дебар, Кавадарци, Куманово, Тетово и Битола - и тоа не секогаш во градовите, туку, исто така, и во руралните средини околу градовите. Овие активности се спроведуваат од веќе обучен персонал на ДТЦ со повеќе од 3 годишно искуство заедно со експерти од Њолф анд Њатерс Артс Цомпанѕ од Велика Британија и Хет Њатерхуис и Кунстебоњ Институте од Холандија.
Секоја година наша целна група ќе биде персоналот на 2 до 3 локални независни организации од културата, индивидуални уметници и наставници по уметност од 4 основни училишта, вкупно околу 70 до 80 учесници и околу 200 деца. Активностите ќе се спроведуваат во непосреден дијалог и соработка со општините коишто во почетокот ќе учествуваат со формално изразен интерес и придонес во средината (простор, локална логистика и друго) и во партнерство со локалните училишта и независни организации од културата.
Целата тренинг сесија и менторирана пракса на учесниците во обуката со деца ќе трае 8 месеци. Секоја година оваа активност ќе се одржува во други општини, како и во истата општина ако се покаже интерес за поголемо инволвирање на локалните власти при развивањето проекти за конкретна работа со деца и млади.
|