|
Сите за култура - култура за сите |
|
|
|
Страница 1 од 5 СИТЕ ЗА КУЛТУРА - КУЛТУРА ЗА СИТЕ
Општата цел на ДТЦ е преку програмата Сите за култура - култура за сите да изгради услови за подемократски културен живот на децата и младите во Македонија што ќе ги вклучува сите, ќе биде интеретничка, подеднакво раширена и ќе ја инволвира локалната власт како децентрализирачки фактор и поддржувач на локалните културни активности.
Цели на овој проект се:
- Демократизација на културниот живот на децата и младите;
- Надминување на културната изолација на етничка основа во контекстот на новата административна поделба на Македонија;
- Стимулирање на соработката помеѓу локалната власт и независните институции од културата и НВО-и.
ОПИС НА ПРОЕКТОТ
Проектот е имплементиран од страна на Детски Театарски Центар - Скопје, во соработка со Министерство за култура на Република Македонија; Домовите на култура во Тетово, Дебар, Куманово, Битола, Кичево, Струга, Крива Паланка; Културен Центар Точка; Центар за современи уметности; Локомотива; Град Скопје; Општина Центар; Општина Чаир; Албански Театар, Турски Театар; Македонски народен театар; Театар за деца и младинци - Скопје; Факултет за драмски уметности; Факултет за ликовни уметности и др уги институции; основните училишта во Тетово - Истикбал, Лирија и Кирил Пејчиновиќ; основните училишта во Дебар - Лирија и Ибе Паликуќа; основните училишта во Куманово - Наим Фрашери и Никола Карев; Домот за деца деликвенти "Никола Вапцаров" - Скопје; Домот за деца без родители "11 Октомври" - Скопје и училиштето за глуви и слепи "Никола Карев" - Скопје.
Проектот ги вклучува следниве програми:
|