ctc.org.mk
 
Главно мени
Насловна
Проекти
Репертоар
Рецензии
За нас
Контакт
Фотогалерија

 
Стара чаршија Испечати Е-пошта
Еден важен сегмент од заедничкото културно наследство на Скопје и Македонија несоменено е Старата чаршија која е оставена на милост и немилост на времето длабоко потпаѓајќи во заборав. Меѓутоа токму тој предел од градот Скопје е богат со длабоки слоеви од културно живеење, историја, уметност, како и еден пример низ вековите за соживот и заедничка култрна историја.

Детскиот театарски центар, кој е сместен токму во срцето на Старата чаршија, во соработка со Град Скопје, има за цел да придонесе во заживувањето на истото.

Детскиот театарски центар, бидејќи во самите темели на програмскиот односно уметничкиот дел е богат со многујазичност, многунационалност проткаени со висока есететска вредност, веќе започна со неговите придонеси повторно да се активираат т.н заборавени културни збиднувања кои биле доста присутни низ историјата во ова културно катче во градот Скопје.

Детскиот театарски центар како прв голем чекор успеа да го врати духот на старото време кога во чаршијата се играле Караѓоз претстави со сенки, кои се од битно значење за овие територии и развојот на македонскиот театар воопшто. Така, минатата година чаршијата по многу долго време, во Чифте амам беше домаќин на оргинална Караѓоз претстава изведена од Караѓозџии од Турција кои во преубавата архитектура на чаршијата и Чифте амамот се почуствуваа како дома, гледалиштето, а воопшто чаршијата беше преполна со џагор и смеа, а традицијата наликуваше на навидум никогаш непрекршена.

Детскиот театарски центар има за цел да зачекори уште многу чекори во оваа насока. Во идните планови кои делумно беа реалност влегуваат улични претстави на деца и возрасни, уметнички демонстрации кои се дел од концептуалната уметност, изложби, концерти итн.

Накратко целта на Детскиот театарски центар е да биде куќа на културата каде нема да се осети разлика во јазиците, обичаите, односно сите различности ќе се слеат во едно, формирајќи едно огромно богатство. А всушност тоа било и мотото на Старата чаршија низ вековите.
 

 

 

MK | AL | TR | EN

Advertisement
Advertisement
Advertisement


 
среда, 03 декември 2008 * (c) 2006 by CTC.org.mk * Powered by Joomla! * Technical implementation by Metamorphosis
ctc