|
Соработка со други институции |
|
|
Детскиот театарски центар како културна установа со сериозни ангажмани и активности покажува флексибилност и отвореност кон надворешни соработки односно соработки со разни локални, регионални и меѓународни организации кои имаат иста или слична цел во нивната програмска поставеност.
Како пример за вакви соработки кои се од битно значење за Детски театарски центар се:
- Работилницата "Прашање на агол на гледање" соработка со Пеупле ет Цултуре , Париз и Германско-француската канцаларија за млади. Партиципанти на оваа работилница која се одржува во три етапи во три држави се актери од Македонија, Германија и Франција и целта е преку театарскиот јазик да се постават различностите односно сличноатите помеѓу три различни култури и начин на живот и да се пронајде заеднички агол на гледање.
- Наше Маало Театар, претставува заеднички проект помеѓу организацијата "Потрага по заедничка основа" и Детскиот театарски центар. Јунаците од познатата телевизиска серија "Наше Маало", кои успешно покажаа и докажаа дека може да се живее заедно, им стануваат поблиски на децата преку театарот за кој текстовите ги пишуваат млади драмски писатели. На овој начин се уверуваат дека навистина постои и е возможно пријателство и заедничко живеење. Претставите се играат на сите јазици, а е обезбеден и превод на останатите јазици.
- "Детски куклен театар" е исто така проект помеѓу Детскиот театарски центар и "Потрага по заедничка основа". Преку куклените претстави кои им се особено блиски на децата од 7 до 9 годишна возраст, се представуваат низа на примери за надминување на конфликтни ситуации од детскотот секојдневие со посебен акцент на меѓуетничките односи. Овие представи се играат во сите јазици и во 12 града во републиката.
Сите наведени проекти се имплементираат врз база на претходно направени истражувања со децата.
|