|
Деца, театар и образование |
|
|
|
Страница 4 од 4
ЛЕТНА ШКОЛА ЗА ТЕАТАР И ЕДУКАЦИЈА
Се работи за серија на семинари каде што директни партиципанти се студенти на Педагошкиот факултет кои од страна на странските експерти стекнуваат искуство за улогата на театарот и театарските форми во образованието на детето. Како долгорочна стратешка цел на овие активности е да се прифати театарот како факултативен предмет во училиштата.
Семинарите и работилниците ги водат експерти од Холандија, Британија и Шведска, држави каде театарот е веќе длабоко навлезен во образовниот систем и каде што постојат катедри кои едуцираат кадри со горенаведената намена. Работилницте имаат цел да тренираат наставници кои подоцна искуството ќе го применат во нивната понатамошна практична работа во образованието.Целта на Детскиот театарски центар е како резултат на овие семинари и со соработка со Министерство за Образование на Република Македонија да влијае во подобрување на едукативниот систем во државава и со тренирање на студенти да го доближи образованието во европски размери.
|