ctc.org.mk
 
Главно мени
Насловна
Проекти
Репертоар
Рецензии
За нас
Контакт
Фотогалерија

 
Деца, театар и образование Испечати Е-пошта
Индекс на прилозите
Деца, театар и образование
Улични приказни
Работилница за писатели
Летна школа за театар и едукација

ДЕЦА, ТЕАТАР И ОБРАЗОВАНИЕ

Од сите проекти можеби најбитниот е "Деца театар и образование" кое се реализира со подршка на Швајцарската агенција за развој, Шведската агенција за развој и соработка и Фондацијата Институт отворено општество-Македонија. Овој проект траеше четири години и ги опфаќа сите цели, активности и идеи за кои ДТЦ стои како институција.

Реализацијата на овој проект овозможи ДТЦ да се профилира во градско, национално, регионално и меѓународно ниво како пример на институција врз која може да се смета и која значително може да влијаје во целокупниот културен живот, да промовира нови идеи во образованието и да придонесе кон поотворена уметничка, културна и социјална комуникација помеѓу различните култури и етницитети во Македонија.

Главна цел на на проектот е да се промовира детскиот театар и детската култура како вредна уметничка активност која заслужува повисок статус во општеството и истата да се употреби како средство за образование и социална работа во Македонското мулиткултурно општество, за прашања од меѓуетничка природа, разбирање на културата на "другиот" и разбирање на детските права и демократијата. Целта се спроведува преку:

  • Директна театарска работа со деца од различни етнички средини и социјални групи
  • Креирање на нови драмски текстови за деца и нивно двојазично издавање во вид на книга
  • Поставување на театарски претстави за деца
  • Креирање на средства со кои се учат демократијата и детските права
  • Стекнување на поширока и мешана детска публика како и други прашања од овој вид.
  • Воведување на меѓународни верифицирани успешни методи и искуства во развивање на детскиот театар преку театарски работилници и семинари.

Како резултат на горенаведеното се зголемува свеста за образовната улога на театарот меѓу децата, наставниците, родителите и театарските работници. Исто така преку театарскиот јазик и театарските игри се стекнува свест за соживот, надминување на конфликти и заедничко живеење, како и се продира длабоко во свеста на детето и избиваат на површина сите негови внатрешни немири, проблеми кои преку театарските игри лесно се надминуваат.

Сите овие активности се фокусирани, планирани и координирани преку три главни компоненти на проектот, а тоа се:



 

 

 

MK | AL | TR | EN

Advertisement
Advertisement
Advertisement


 
среда, 03 декември 2008 * (c) 2006 by CTC.org.mk * Powered by Joomla! * Technical implementation by Metamorphosis
ctc