ctc.org.mk
 
Главно мени
Насловна
Проекти
Репертоар
Рецензии
За нас
Контакт
Фотогалерија

 
Деца, театар и образование Испечати Е-пошта
Индекс на прилозите
Деца, театар и образование
Улични приказни
Работилница за писатели
Летна школа за театар и едукација

РАБОТИЛНИЦА ЗА ПИСАТЕЛИ

Работилница за писатели претставува регионален проект чија цел е креирање на нови драмски текстови за деца од страна на професионални драматурзи од регионот и Р. Македонија. Текстовите кои се пишуваат во процесот на работа се со нови визии за детскиот театар каде што повеќе се застапени проблемите кои извираат од социјалниот и приватен живот на детето и кои располагаат со висока естетска вредност.

Работилница за писатели претставува предизвик за професионалците, односно драмските писатели од регионот бидејќи нуди храбри и нови визии за детскиот театар како значајна, моќна рефлексија на тешките социјални проблеми во секојдневниот живот на децата преку театарски стредства. Исто така таа им го презентира тоа и на децата и на овој начин се поттикнува критичкото размислување меѓу децата.

Писателите работат со професионални драматурзи од Шведска, земја која има значајна традиција на детскиот театар особено детската драматургија.

Како продолжеток на работилницата за драмски писатели, Детскиот театарски центар е ангажиран и во издавање на плодовите од оваа работилница во двојазични книги како и продукција на тие драми по театриве во државава и надвор од неа и до сега има постигнато значителни успеси.


 

 

 

MK | AL | TR | EN



 
вторник, 06 јануари 2009 * (c) 2006 by CTC.org.mk * Powered by Joomla! * Technical implementation by Metamorphosis
ctc