ctc.org.mk
 
Главно мени
Насловна
Проекти
Репертоар
Рецензии
За нас
Контакт
Фотогалерија

 
Деца, театар и образование Испечати Е-пошта
Индекс на прилозите
Деца, театар и образование
Улични приказни
Работилница за писатели
Летна школа за театар и едукација

УЛИЧНИ ПРИКАЗНИ

Улични приказни претставува едукација на децата преку театарот со директна работа со деца од различно етничко потекло. Во рамките на проектот "Улични приказни" работат 8 (осум) групи на деца од мешан етнички состав. Групите се распределени во 4 града во Република Македонија. (4 групи во Скопје, 2 групи во Дебар, 1 група во Тетово и 1 група во Куманово).

Во сите групи се вклучени околу 200 деца од различно етничко потекло и со пропорционална полова застапеност. Како партнери во проектот учествуваат:

  • Министерство за образование
  • Основните училишта кои партиципираат со ученици и со простор за работа(во другите градови како Дебар, Куманово и Тетово)
  • Домови на култури
  • Родителите на децата
  • Наставниците

Процесот на работа се одвива во следната динамика:

  • Контактирање на Министерство за образование
  • Контактирање на училиштата
  • Селекција на деца
  • Формирање на компактна група
  • Собирање на приказни
  • Разработка на приказните преку тетарски игри
  • Разработка на приказните во драмска форма
  • Поставување на приказните во вид на театарска претстава
  • Презентација на претставата

 

Проектот "Улични приказни" им овозможува на децата паралелно да учат за театарот и да ги почитуваат другите култури, јазици и начин на живот, и тоа преку импровизации, разни театарски игри со кои се создава компактна група, дебати на разни теми особено на контрасти (рурално, урбано, црква - џамија идр), собирање на приказни од нивната најблиска околина кои потоа со помош на уметничките координатори се поставуваат на сцена како краен продукт односно правење на театарска претстава чии автори, режисери, сценографи и костимографи односно творци на целата претстава се самите деца.
Улични приказни на позитивен начин влијае на развојот на свеста на детето преку театарот.



 

 

 

MK | AL | TR | EN



 
среда, 07 јануари 2009 * (c) 2006 by CTC.org.mk * Powered by Joomla! * Technical implementation by Metamorphosis
ctc