ctc.org.mk
 
Главно мени
Насловна
Проекти
Репертоар
Рецензии
За нас
Контакт
Фотогалерија

 
За нас Испечати Е-пошта
Индекс на прилозите
За нас
Кратка историја
Вработени

КРАТКА ИСТОРИЈА

Детскиот театарски центар со својата активност започна во 1999 година како брз опреативен проект за наламување на ефектите на стрес за децата бегалци од Косово. Проектот траеше 5 месеци, колку што и траеше бегалската криза. Во текот на овој период се реализираа над 20 проекти кои ги анимираа децата, младите и еден голем број на уметници бегалци, уметници од Македонија и од странство. Сите работеа заедно низ сите бегалски кампови и собирни центри, да преку театар и други форми на сценска уметност створат неколку моменти на смеење и да направат простор за креативно изразување и ослободување на тешките искуства на децата бегалци.

Овие активности беа подржани од Сида (Шведската Агенција за Развој) и ФОСИМ (Фондација Институт Отворено Општество - Македонија) и беа реализирани во блиска соработка со Интеркулт - Култрна организација од Стокхолм - Шведска.
 
Дополнителна подршка во овој период ДТЦ доби од Уницеф, ИОМ итн.

Увидувајки ја моќта на театарот како уметничко средство но и како генератор на дискусии и промотор на идеи ДТЦ одлучи да продолжи со работата но за деца и млади од Македониоја и за уметниците од Македонија.

Преку продолжена подршка од ФОСИМ и Сида и со нова подршка од страна на СДЦ (Швајцарската Агенција за Развој) во 2000 година ДТЦ од проект се претвори во Независна Установа за Култура.

Истата година Министерството за Култура го додели на ДТЦ објектот на старото Кино "Напредок" за употреба и со право на реновирање. Ова одлука на Министерството за Култура ја охрабри ДТЦ да чекори одлучно кон поставувње на себеси како институција која може да завземе сериозно место во културниот и уметничкиот живот на Македонија.



 

 

 

MK | AL | TR | EN

Advertisement
Advertisement
Advertisement


 
среда, 03 декември 2008 * (c) 2006 by CTC.org.mk * Powered by Joomla! * Technical implementation by Metamorphosis
ctc