|
Страница 1 од 3
ДЕТСКИ ТЕАТАРСКИ ЦЕНТАР
Детскиот театарски центар стреми кон креирање на нова театарска култура за деца и млади која ќе црпи креативност и енергија од судирот или средбата помеѓу калеидоскопот на јазици, култури, религии, традиции и начини на живеење кои се наоѓаат во Македонија.
ДТЦ е МЕЈДАН каде што е можно да се доживее уметничко, културно или едукативно искуство кое е истивремено еднакво релевантно, разбирливо и блиско за секого без разлика на етничка припадност.
ДТЦ преку овој начин на третирање и развивање на театарската култура придонесува кон креирање на сеопфатен (инклузивен) културен идентитет на денешните деца и младинци и идни граѓани на Македонија.
ДТЦ е носител на прогресивни идеи за театарот за деца и млади и неговата улога во мултиетничкото општество на Македонија.
Оваа мисија ДТЦ ја исполнува преку безброј високо уметнички остварувања, еден голем број едукативни програми за професионални уметници и анимација на деца од сите етнички припадности во македонија кои заедно учат за театарот, но истовремено учат и за животот и соживотот.
Продукцијата на ДТЦ освен што има постигнато високо уметничко ниво таа стреми да биде достапна за сите деца во Македонија било каде и да живеат, во големи градови, мали градови или села, источна или западна Македонија.
Работата со деца и млади е исто така широко распространета низ неколку градови во Македонија. Таа обединува стотици деца кои креативно се изразуваат судирувајќи се со различните јазици, култури и погледи на свет на нивните сограѓани, кои инаку никогаш не би ги сретнале на таков итензивен начин.
Образовните програми на ДТЦ опфаќаат професионални театарски уметници и учители. Уметниците се запознаваат со современите текови во детската театарска уметност во Европа преку семинари и работилници одржани од најеминентните уметници и експерти во оваа насока. Преку исти активности учителите се запознаваат со новите можности кои театарот ги нуди за работа со деца во текот на образованието.
Со нејзината зграда во Старата чаршија ДТЦ неминовно се стреми кон уктовување на нејзините активности во секојдневниот живот на чаршијата. На овој начин ДТЦ ќе придонесе кон понатамошно развивање на процесите на ревитализација на Старата чаршија кои се иницирани од Владата на Р. Македонија.
Во текот на пет годишното дејствување на ДТЦ сите овие активности имаат покажано резултати кои не се ценети само во Македонија туку во целиот регион и пошироко во меѓународен контекст.
ДТЦ е единствена организација од овој вид во Македонија и пошироко во регионот која има јасни визии за нејзината иднина и за нејзиниот придонес во целокупното развивање на кутлтурата во Македонија.
|